Планетарна катаклизма: Научен сајт предвидува што би се случило доколку интернетот одеднаш престане да работи на целата планета

Следниот пат кога интернетот ќе ви забави, земете длабок здив и бидете благодарни што воопшто го имате

Без разлика дали сакаме да признаеме или не, денешниот живот е незамислив без Интернет , освен ако не живеете како член на таканаречените неконтактирани племиња , кои не се свесни дека има луѓе надвор од нивните џунгли.

Што и да не знаеме – одиме на Google, ако нè интересира какво ќе биде времето – одиме на прогноза, ако чуеме експлозија од соседството, исто така веднаш се фаќаме за телефонот за да ги дознаеме најважните вести од земјава и светот. Едноставно, светската мрежа стана извор на енергија што ни овозможува нормално функционирање.

Аналитичарите од научната страница BBC Science Focus се зафатија со прашањето што би се случило доколку глобалниот интернет престане да постои. Се разбира, многу брзо би настанала огромна паника бидејќи луѓето не би знаеле што се случува, бидејќи биле лишени од средствата за комуникација.

По еден ден: верижна реакција

По 24 часа без интернет на целата планета, големите компании би пропаднале – глобалните интернет гиганти Гугл и Фејсбук би изгубиле над 350 милиони евра приходи од реклами. Ниту другите компании не би поминале подобро бидејќи со верижна реакција би дошло до општ колапс на деловно ниво и загубите на компаниите би се мерат во милијарди.

По седум дена: Хаосот продолжува

По една недела најверојатно хаотичната ситуација би продолжила. Претпоставките се дека би имало проблеми и со снабдувањето со електрична енергија, што би повлекувало многу нови проблеми.

 

Причината за ова е што модерната електрична мрежа, каква што постои во моментов, во голема мера се потпира на Интернет бидејќи се користи за координација на трафостаници и електрани. Целосен хаос во електроенергетскиот систем би довел до прекини во дистрибуцијата на електрична енергија во најголемиот број земји во светот, а тоа веќе звучи страшно на многу нивоа.

По истиот принцип, следните гасоводи целосно би престанале да работат, бидејќи нивната работа се потпира и на струја и интернет.

По еден месец: Тотално лудило

А бидејќи бензинските пумпи не можат да функционираат без интернет и струја, без потребното гориво, ќе останат сите транспортни системи за доставување храна и други основни предмети за домаќинството до супермаркетите и другите малопродажни места.

Всушност, не би поминало многу време, и дефинитивно би запрел целиот свет на планетата – целиот сообраќај, целата индустрија и сите компании би ја прекинале својата работа.

 

Вознемирени и изгладнети луѓе, чии животи за кратко време радикално се промениле – ќе почнале да се борат меѓу себе за тоа што останало од храната. Немири би владееле по улиците и би настанал тотален хаос!

 

Армијата и полицијата на сите земји би биле ангажирани во обид да ја смират хаотичната ситуација, но би им требале и резерви на гориво и храна, кои брзо се намалуваат при вакви ненадејни, големи кризни ситуации.

По една година: Опстанок на најсилните

Една година по исчезнувањето на Интернетот, повеќето од најразвиените земји во светот сепак некако би успеале да ги стават во функција основните телефонски линии.

Општествата би почнале да се прилагодуваат на големите промени и хаосот, додека државите би се вратиле на аграрна економија. Глобалната економија ќе се врати во времето на 1930-тите, кога беа актуелни плугови и волови.

Последиците од губењето на интернетот, според порталот Science Focus, би биле навистина страшни, а бројот на луѓе кои не успеале да го преживеат гладот, студот и општата безнадежност би можел да достигне и милијарда.