Плацевите на Груевски проценети на 5,8 милиони евра

5,8 милиони евра вредат градежните земјишта на Водно, а кои беа конфискувани од екс премиерот Никола Груевски со пресудата за ,,Плацеви на Водно”, а по обвинение на обвинителката Лиле Стефанова.

Станува збор за поголема парцела од 11.000 квадрати (поделена на три дела) и еден плац од 2.700 квадрати.

Според Агнцијата за управување со одземен имот направена е проценка на вредноста на земјиштата, според кои вкупната вредност е приближно 5,8 милиони евра.

-Станува збор за одземен имот, градежното земјиште кое се наоѓа во КО Центар 2, пристигната e процена изготвена од страна на Бирото за процени и истата е во износ од 354.998.700 денари, одговорила директорката Ирена Илиевска.

Ова значи дека по направената проценка на вредноста, наскоро имотот ќе треба да се огласи за продажба. Како што појаснува диркторката Илиевска, продажбите се запрени бидејќи треба да се донесе нов Статут од Владата, а потоа и да се изработат нови правилници.