Плачеше како мало дете: Јанис се распадна откако Грција се пласираше на Олимпијадата


Грција во финалето ја совлада Хрватска.

Грчката кошаркарска репрезентација се пласираше на Олимписките игри претходната вечер откако во финалниот натпревар на турнирот во Атина ја совлада Хрватска со 80:69.

Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 23 поени и осум скока и беше најзаслужен за елиминирање на ривалот, а по мечот покажа дека е само човек.

Кошаркарот на Милвоки Бакс седна на клупата и плачеше како мало дете по големиот момент за својата земја.

За потсетување, Грците се во групата на смртта заедно со Канада, Шпанија и Австралија.