Племе во Амазон доби интернет и гледаа само голи жени! Шефот збесна: Само тоа ги интересира (видео)

Интернетот е дел од модерниот живот долги години и на многу начини го олеснува нашето секојдневно функционирање. Сепак, колку и да сме веќе зачекорени во 2024 година, некои сè уште не го вкусиле шармот на интернетот.

Племето Марубо, кое се наоѓа покрај реката Итуи во Амазон, долго време живеело целосно изолирано од светот, но во септември минатата година биле поврзани со Старлинк на Илон Маск, а сега се соочуваат со проблеми, пишува Њујорк Тајмс.

Имено, племето со ентузијазам ја прифатило технологијата, воодушевувајќи се како можат да бидат во контакт со своите роднини или да повикаат помош во случај на каснување од змија. Но, постарите забележале како членовите стануваат мрзеливи и дека се помалку комуницираат со другите членови на племето.

Сега постојано се „дружат“ на WhatsApp и Instagram, а помладите членови постојано гледаат еротски филмови и почнале да покажуваат агресивно однесување. Покрај тоа, некои членови престанаа да разговараат со своите семејства од воведувањето на интернетот и имаше проблеми со ловот, поради што воведоа ограничувања за времето што членовите можат да го поминуваат на интернет.