Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.
– Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои. Дојди во одбор на партија, како претседател веќе не постоиш. Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка – изјави Пленковиќ.
Тој смета дека Милановиќ и лидерот на СДП Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите.
Тој го критикуваше Милановиќ за неговото однесување на свечениот прием на шест од 12-те борбени авиони „Рафал“ купени од Франција, бидејќи, потсети, претседателот на Републиката сакал таа да ја потпише дозволата за нивно купување.
Додека неговата ХДЗ преговара со десничарската опозиција, односно Движењето Татковина, за формирање на ново парламентарно мнозинство и влада, Пленковиќ уште еднаш и порача на левичарската опозиција дека тие се лицемери и тешко поразени измамници Сите тие се корумпирани“, рече тој и посочи дека новата влада повеќе нема да дозволи да доминира корумпираната левица која сака да ги „зароби институциите“.
Тој ги демантираше тврдењата дека во двата мандата на неговата влада си заминале 30 министри, од кои повеќето поради поврзаност со проневера. Имаме два и пол случаи поврзани со нешто поврзано со сомнение за кривично дело сторено во времето кога тие беа министри“, изјави Пленковиќ на новинарите по седницата на Владата.
На прашањето дали се гледа себеси во Брисел по европските избори, Пленковиќ вели дека сака ХДЗ убедливо да победи на тие избори.
Тој порача дека на европските избори не треба да се верува на некој кој, како што вели, работи против интересите на Хрватска во Брисел.