– Четири победи и само еден нерешен резултат е епилогот по одигрувањето на денешните натпревари од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Единствена екипа која не ги освои трите бода на свој терен е првопласираната Струга Трим и Лум.
Резултати:
Брегалница – Победа 4:0
Шкендија – Академија Пандев 2:1
Шкупи – Работнички 3:1
Струга – Македонија ЃП 0:0.
Вчера, Силекс го победи Скопје со 3:1.
Лидер на табелата е Струга со 43 бода, пред Шкупи со 41 и Шкендија со 38. Следуваат: Силекс со 35, Брегалница има 32, Тиквеш собра 28, Македонија ЃП 26, Работнички 24, Академија Пандев 19, Скопје 14, Победа 13.