Големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ се одржа во Белград, а победник беше Никола Станишиќ (25) од Македонија. Елвис Мешиновиќ од БиХ заврши на второто место.
Победничката статуа му ја врачи Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Саша Поповиќ.
„Не е крај, исто како што и Саша не е заминат. Мислам дека неговиот дух се чувствува вечерва овде. Ова е многу емотивно за мене и моето семејство. Сакам да му го доделам ова посебно признание на некој што навистина го заслужува“, рече Сузана.
Покрај признанието и статуата, Никола доби и автомобил „Фиат“, а ќе добие и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.
За време на финалето беа собрани 484.881 гласови. Во финалето се натпреваруваа 20 натпреварувачи.