Мета ја обвини австралиската влада дека брза да ги забрани лицата под 16 години од социјалните мрежи без соодветно да ги земе предвид гласовите на младите луѓе.
Досега, повеќето компании за социјални медиуми рекоа дека ќе ја почитуваат забраната, но тие изразија сомневање за тоа како таа ќе се спроведе и загриженост за нејзиното потенцијално влијание.
„Загрижени сме за процесот што го забрза законодавството, кое не ги разгледа соодветно доказите, она што индустријата веќе го прави за да обезбеди искуства соодветни на возраста и гласовите на младите луѓе“, рече портпаролот на Мета.
Сопственикот на платформата X, Илон Маск , ја критикуваше забраната и рече дека тоа е „задкулисниот начин на контролирање на пристапот до Интернет за сите Австралијци“.
Австралискиот министер за вработување, Мареј Ват, изјави денеска дека социјалните мрежи треба сериозно да ја сфатат забраната и да сфатат дека имаат „интерес да го зачуваат својот углед и нивната социјална лиценца“.
Во четвртокот, австралискиот Сенат одобри закон со кој им забранува на лицата помлади од 16 години да користат социјални мрежи .
Австралиските политичари кои го поддржаа првиот ваков закон во светот велат дека е неопходно да се осигура дека друга генерација тинејџери нема да доживее „толку многу штетна содржина“ во годините што доаѓаат.
Политичарите кои не го поддржаа едногласно, го нарекоа „решение од 1970 година за проблемот од 2024 година“, додека групите за права и застапниците за ментално здравје предупредија дека тоа може да ги маргинализира младите Австралијци.
Од Комисијата за човекови права, пак, предупредуваат дека законот може да ги наруши правата на младите и да ја намали нивната способност за учество во општеството. Инаку, ваква иницијатива беше покрената во Европската унија, па останува да се види дали нешто слично може да се случи на тлото на Стариот континент.