Повеќе од половина од Украинците кои поминале воена обука во една од балтичките земји починале или исчезнале откако биле испратени во Бахмут, пишува француски „Фигаро“.
– Повеќе од половина од Украинците обучени и испратени на фронтот во Бахмут (украинско име за Артјомовск) не се вратија – изјави францускиот инструктор, истакнувајќи дека станува збор за Украинци кои биле обучени во една од балтичките војски, пренесува „РИА Новости“.
Според весникот, важно е конфликтот да не влијае на француската армија.
– Видовме случаи на посттрауматски стрес кај инструкторите за обука – рече францускиот војник.
Дополнително, „Фигаро“ пренесува дека Франција планира да обучи уште 4.000 украински војници во 2023 година, а обуката ќе биде прилагодена на потребите на Киев.
– Пролетта украинската армија беше обучена за управување со оклопни возила и употреба на системи за противвоздушна одбрана. Останатите тренинзи беа насочени кон борба или команда – се наведува во написот.
Во исто време, претставник на офицерско училиште во Франција изјави дека на украинските војници немаат координативни вештини и дека француските инструктори мора да обрнат посебно внимание на тоа.