Повеќе од 1.800 нови случаи на грип се регистрирани во Македонија

Во текот на четвртата недела од 2025 година, во земјава се пријавени 1.878 случаи на грип. Ова претставува зголемување од 33 отсто во однос на минатата недела. Бројот на пријавени случаи оваа недела во однос на четвртата недела од минатата сезона е зголемен за 2,4 отсто. Пријавената инциденца е над неделната граница на просечна активност на вирусот на грип, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје.

Во однос на старосната распределба, 1066 лица се на возраст од 15 до 64 години. 349 се деца, на возраст од пет до 14 години. Во меѓувреме, 325 се деца до четири години. Исто така 138 лица се постари од 65 години

„Има зголемување на бројот на болести слични на грип, што е над неделната граница за просечна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор на грипот покажуваат дека има широко распространета географска активност на вирусот на инфлуенца. Стапката на позитивност е над 10 проценти веќе три последователни недели. Според овие податоци, Република Северна Македонија има просечен интензитет на вирусот на грип“, велат од ИЈЗ.