Повеќе од 100.000 бегалци пристигнаа во Ерменија од Нагорно-Карабах, соопшти во петокот вечерта првиот човек на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди.
„Многумина се гладни, исцрпени и имаат итна потреба од помош“, вели Филипо Гранди во објава на социјалните мрежи.
„УНХЦР и другите хуманитарни партнери ја засилуваат својата поддршка на ерменските власти, но меѓународната помош е многу итно потребна“, посочува Филипо Гранди.