– Според овие податоци, во некои од источните региони на земјата во просек се забележани 1.041 удар на гром секој час.
Во последните 24 часа во Франција се регистрирани повеќе од 25.000 удари на гром.
Опсерваторијата за урагани и бури „Кераунос“ на социјалната мрежа Твитер објави дека по бурните временски услови што започнаа вчера напладне, во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 25.000 удари од гром.
Според овие податоци, во некои од источните региони на земјата во просек се забележани 1.041 удар на гром секој час.
Метеоролошката станица на Франција во четвртокот предупреди дека голем број региони во земјата ќе бидат зафатени од силни бури и врнежи.