Од земјотресот на 6 февруари, регистрирани се потреси „на секои три до четири минути“, а околу 40 од нив беа со јачина од 5 степени, соопштија турските власти
Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди граничната област меѓу Турција и Сирија на 6 февруари беше проследен со повеќе од 6 000 последователни потреси, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Од земјотресот на 6 февруари, регистрирани се потреси „на секои три до четири минути“, а околу 40 од нив беа со јачина од 5 степени, рече Орхан Татар, шеф на Агенцијата.
Според него, потресите на земјата се очекува да продолжат и дополнително да му наштетат на „трауматизираното локално население“.
Тој ги повика луѓето во погодените области да се држат настрана од оштетените згради, додавајќи дека властите ја проценуваат штетата на стратешката инфраструктура, вклучувајќи ги браните и тунелите.
Според последните податоци, во земјотресот загинаа повеќе од 46 000 луѓе, околу 105 000 згради се уништени и оштетени, а десетици илјади луѓе во југоисточна Турција сега се без покрив над главата.