Повеќе од 97 отсто од сензорите на Виндоуз се повторно на интернет, изјави извршниот директор на CrowdStrike, Џорџ Курц, речиси една недела откако ажурирањето на софтверот за кибер безбедност на компанијата предизвика глобален прекин.
Сензорите се хардверски компоненти што можат да му дадат на компјутерот информации за локацијата, околината на компјутерот и слично. Компјутерските програми можат да пристапат до податоците од сензорите и потоа да ги складираат или да ги користат за да помогнат во секојдневните задачи или да го подобрат деловното опкружување.
Неодамнешниот глобален прекин се случи бидејќи напредната платформа содржеше т.н. „багови“ што ги принуди компјутерите со оперативниот систем Виндоус на Мајкрософт да се исклучат, прикажувајќи го таканаречениот „син екран на смртта“.
Мајкрософт во саботата соопшти дека околу 8,5 милиони Виндоуз уреди биле погодени од прекинот, што приземји летови, ги принуди телевизиските станици да ги прекинат емитувањата и остави корисници без пристап до услуги како што се здравствена заштита или банкарство.