Коментарите се урнебесни
Навикнати сме јаболкото да е зелено, а црвеното јагода. Затоа љубителите на гумените мечиња Харибо се тотално збунети кога ќе го дознаат вистинскиот вкус на нивната зелена мечка.
На Редит повторно се појави објава што прикажува торбичка Харибо која го идентификува вкусот на секоја мечка по боја. Додека повеќето потрошувачи би ја поврзале зелената мечка со вкус на зелено јаболко, лимета или дури и лубеница, на повеќето места зелената мечка е всушност со вкус на јагода.
Освен тоа, дознале и дека Ханс Ригел, кој ја основал компанијата во 1920 година, го дал името Харибо земајќи ги првите две букви од неговото име, презиме и градот во кој е роден, Бон, Германија.
И целата приказна околу овие гумени бонбони експлодираше на социјалните мрежи.
„20 години живот и штотуку сфатив дека зелената харибо гумена мечка е всушност со вкус на јагода“, твитна еден збунет обожавател.
„Никој не праша, но зелениот харибо вкус на гуменото мече е јагода и сметам дека тоа е погрешно“, тврди друг.
„Дали јас сум единствениот што не знаев дека зеленото харибо е со вкус на јагода, а не лимета?“, се огласија коментарите.
„Ја повикувам полицијата да разјасни дали зелените харибо се јагоди или јаболко“, напишал еден шокиран потрошувач.
„Помислите на тоа како зелената харибо гумена мечка е со вкус на јагода“, размислувал некој.
„Овој факт го прогонува мојот мозок со години“, одговори некој приложувајќи фотографија од пакувањето.
И додека некои потрошувачи се чувствуваат како да се заведени, компанијата допрва треба да објави соопштение, пишува New York Post.