Напаѓачот на турскиот прволигаш Истанбулспор, Ваљон Етеми, поради повреда отпадна од списокот на македонскиот селектор Благоја Милевски за јунските натпревари против Украина и Англија во квалификациите за ЕУРО 2024.
Селекторот Милевски, како што соопшти Фудбалската федерација на Македонија, дополнително ќе одлучи дали ќе повика ново име во репрезентацијата на местото на Етеми.
Македонската фудбалска репрезентација, по воведниот триумф над Малта (2-1), овој месец ги продолжува квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 во рамки на групата Ц.
Избраниците на Милевски на 16 јуни ја пречекуваат Украина во Скопје, додека на 19 овој месец гостуваат во Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Официјалниот собир на македонската репрезентација за двата претстојни квалификациски дуели е закажан за 10 јуни во Скопје.