Три лица од екипата на Итната медицинска помош од Скопје кои беа заглавени во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода се жалат на повреди.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), екипата се движела од приземје кон шести кат, но кога дошле малку над втори кат лифтот забрзано се спуштил и паднал во подрум.
Претходно ЦУК информираше дека е добиена пријава на телефонот 112 во 11:22 часот за заглавена екипа на Итната помош во лифт во зграда во скопска Кисела Вода.
-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје. Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на Итната медицинска помош. Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот, а пациент немало, бидејќи екипата била на констатација на смрт, посочија тогаш од ЦУК.
Првично од ЦУК соопштија дека во лифтот е заглавена екипа на Итната помош заедно со пациент