Едно од трите момчиња кои беа пронајдени во Хрватска повторно исчезна .
Полицијата на сајтот Нестали.хр објави дека денеска исчезнал 14-годишниот Иван Шнајдар.
Се работи за едно од трите момчиња кои исчезнаа во последните неколку дена . Полицијата ги пронашла сите тројца, но 14-годишникот денеска повторно исчезнал.
Тој се оддалечил од својата адреса во Загреб, во населбата Брезовица, каде што живее. Местото на живеење е наведено како Петриња .
Висок е 162 сантиметри, кафена коса и сини очи. Има средна градба. Во моментот на неговото исчезнување тој носел сина јакна, црна тренерка, бела маица и црни патики.
Полицијата напоменува дека фотографијата е од 2020 година