Во сремското село Мартинци на улицата ,,Змај Јована” синоќа се случи страшна трагедија. Околу три часа по полноќ, по експлозија на плинска боца избувнал пожар, во кој животот го загубиле руските државјани, мајката и ќерката Тања Л. (70) и Елена Л. (48).
Едната била пронајдена мртва во спалната соба , додека другата во дневната, исто така без знаци на живот.
Мајката била вработена како наемник, додека ќерката работела во локална продавница, пишува порталот „Сремскомитровачки“.
Според мештаните, тие пред неколку години се преселиле тука од Русија.
По два часа борба со пожарот предизвикан од експлозија на плинска боца, пожарот успешно бил изгаснат, па немало опасност да се прошири на околните куќи.
Во Полициската управа на Сремска Митровица било потврдено дека, веднаш по пријавата во три часот ноќеска, полициските службеници со противпожарната единица излегле на местото на настанот во село Мартинци, каде пронашле две тела.
Како што веќе пишуваше Телеграф.рс, жените најверојатно се задушиле во текот на ноќта, а по експлозијата избувнал пожар. Причината за смртта на мајката и ќерката сè уште не е официјално објавена.