Товарен авион на DHL се урна во куќа во понеделник наутро при слетување на аеродромот во Вилнус во Литванија, при што едно лице загина, а три други се повредени.
Летот го оперирала авиокомпанијата SWIFT, а авионот полетал од германскиот град Лајпциг. Истиот паднал врз куќата околу 5:30 часот, изјави портпаролот на Националниот центар за управување со кризи.
Моментот кој паднал авионот бил снимен од камерите на блиското градилиште.
Сите луѓе во куќата преживеале, рече портпаролот, додавајќи дека Боингот 737-400 се урна директно во зградата.
Според спасувачките служби, авионот слетал на пистата и се лизнал најмалку 100 метри и удрил во куќа во која имало 12 лица. Сите 12 лица се евакуирани од куќата, соопшти полицијата.
Причината за несреќата се истражува. По дојава од аеродромот за несреќата, на местото пристигнале пожарникари и брза помош, а затворени се и приодните патишта кон аеродромот.
Портпаролот рече дека нема индикации дека на несреќата и’ претходела експлозија.