Португалските фудбалери се пласираа во финалето на Лигата на нации со победата од 2:1 над Германија, а Кристијано Роналдо го постигна решавачкиот гол.
Германија поведе во 48-та минута со голот на Флоријан Вирц, а во 63-та Франциско Консеисао го израмни резултатот на 1:1.
Само пет минути подоцна, Роналдо стапи на сцена и по двојно додавање со Нуна Мендес, го провери Марк-Андре Тер Штеген за конечни 2:1.
Тоа беше 137-миот гол на Роналдо за Португалија во 220 настапи и 937-миот гол во неговата кариера.
Она што е особено интересно е што Роналдо славеше против Германија за првпат во својата кариера.
Португалија досега одигра пет натпревари против Германија со Роналдо во составот и беше поразена во сите пет, а синоќа Кристијано конечно ја заврши својата црна серија.