Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да се бори за титулата на Австралија опен бидејќи го напушти теренот откако го загуби првиот сет со резултат 6:7 (5:7) и реши да не ја продолжи борбата со Александар Зверев поради повреда.
Во моментот кога ја соопшти одлуката, неверување владееше на целиот терен и на трибините, бидејќи никој не очекуваше таков исход.
Додека дел од навивачите го исвиркаа, Ѓоковиќ мирно им одговори со гест со палецот.
Сепак, и покрај неговата голема желба, повредата и грчевите во мускулите беа посилни, што го принуди на овој потег.
Погледнете го моментот кога го предаде мечот, како и изразите на лицата на шокираната публика:
Novak Djokovic retires due to injury after dropping the first set 7-6 😮
— TSN (@TSN_Sports) January 24, 2025
Alexander Zverev advances to the Australian Open Finals!#AustralianOpen pic.twitter.com/YLMJINXYMj