Погледнете го моќниот облачен систем кој се движи кон Македонија: Еве до каде стигна

Веќе втор ден циклонот од Атлантикот преку Западна Европа се движи кон регионот, а со себе носи многу силен облачен систем со врнежи. Обилните врнежи ги зафатија западните и централните региони на Европа и Алпите.

Како дел од циклонот се движи и студен фронт кој на својот пат носи големо заладување и продор на многу студена воздушна маса од север.

Во исто време во Македонија преовладува сончево и вистинско летно време.

Во својот преден дел циклонот предизвикува посилни јужни струи кон нашето подрачје, па утре се очекува да има температура до 33°С, а небото ведро и облачно.

Во овој час силен облачен систем стигна до северот на Италија, Словенија и северниот дел на Јадранот, кој донесе дожд и врнежи со грмежи.

Студениот фронт ќе стигне до нас за време на викендот најпрвин на север, а до вечер и во останатите делови од земјата со многу силно заладување, со врнежи од дожд и грмежи, со засилен северен ветер.

Бидејќи пристигнувањето на фронтот ќе биде над многу топла подлога, ќе има услови атмосферата да реагира многу бурно и да создаде силни грмотевици, бидејќи топлата воздушна маса пред студениот фронт ќе се издигне многу нагло, студено и во форма на клин.