За првпат во историјата на натпреварите во уметничко лизгање се случи настапот на еден натпреварувач да биде оценет со нула.
Историјата ја напиша 16-годишниот Индиец Симар Бајај. Тој ја доби најлошата можна оценка за технички перформанси.
Во останатите категории беше малку подобар, па учеството го заврши со скромни 5,51 бод и со тоа го зазеде последното 25. место. Тоа беше убедливо најлошиот резултат во историјата на овој спорт.
Многумина се запрашаа како ова момче доби можност да се натпреварува на „Гран при“ натпреварувањето во Осака, а објаснувањето е едноставно.
Правото на настап го имаа сите кои федерацијата одлучи да ги регистрира, а бидејќи во Индија нема успешни професионални натпреварувачи во уметничко лизгање, тамошната федерација го испрати младиот Бајај.
Интересно е што други негативни рекорди држат и натпреварувачи од оваа земја.
Лизгачката Пери Сроха доби 0,84 поени во 2021 година, Харшита Равтани доби 1,6 поени две години претходно, а младиот Симар сега го собори негативниот рекорд.