Колумбија не успеа да им ги замрси сметките на Аргентинците во финалето на Копа Америка во Мајами, па тимот предводен од Лионел Меси победи со 1:0 за шеснаесетти трофеј во историјата на ова натпреварување.
Стрелец на решавачкиот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута, а тимот успеа да го добие натпреварот без повредениот капитен. Токму Меси мораше да биде заменет во 66. минута.
Messi’s swollen ankle 😬 pic.twitter.com/dtZ1mQUogV
— FOX Soccer (@FOXSoccer) July 15, 2024
Тој всушност се повреди при еден пад и пред тоа трпеше бројни удари. Колку му било тешко сè покажуваат солзите кои ги пролеа по напуштањето на теренот.
Фоторепортерите го снимија и моментот кога легендарниот фудбалер го соблече чорапот и на фотографиите се гледа како зглобот му е прилично отечен и повредата воопшто не изгледа наивно.
Останува да се види кога ќе се врати на терените во Мајами, но и до кога Меси ќе игра за националниот тим.