Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Хаиме Фариа со 3-1, по сетови 6:1, 6:7(4), 6:3, 6:2 и со тоа се пласираше во третото коло на Австралија Опен.
Во одредени моменти беше незгодно, кога ривалот изедначи во вториот сет, но на крајот сепак славеше заслужена победа.
Така Новак одбрани солидна сума на поени, заработи екстра пари, а во изјавата по мечот го цитираше и Данило Медведев.
Сега му претстои период на подготовки за мечот против Томаш Махач, а при напуштањето на теренот Ѓоковиќ традиционално го остави својот потпис пред камера.
Овој пат тој ја избра „стандардната варијанта“ и само остави свој личен потпис со смајли.