Таа докажа дека е една од најголемите ѕвезди кога Лепа Брена синоќа дури играше и покрај тешката повреда на зглобот, кој беше видно отечен.
Веднаш по концертот, Брена замина на итна операција.
Имено, ја снимил некој од публиката откако се здобила со повреда, па може да се забележи дека на сцената е со завој преку зглобот.
И покрај повредата, Брена сè уште беше на нозе и дури играше, но беше очигледно дека тешко се движи.
Инаку, Брена со насмевка излегла од лифтот и само неколку минути откако се повредила ја испеала „Pazi kome zavidis“. Никој во салата не забележа дека е тешко повредена.
После тоа, таа седна на шанк столче и пееше балади, но не поради скршената нога, туку затоа што тоа беше планирано во продукцијата, како на претходните концерти.