Возачот на погребната кола која се запали на автопатот во последен момент го извлекол ковчегот на безбедно.
Возило за погребално претпријатие се расипало на М8 во близина на Фермој во Корк, Ирска и избувнало во пламен. Меѓутоа, возачот успеал да го спаси ковчегот пред да пристигнат пожарникарите.
Портпаролот на противпожарната служба на округот Корк изјави дека инцидентот се случил во 21:20 часот во вторникот помеѓу крстосниците 14 и 15 на М8. Тој исто така рече дека возачот бил единствениот сопатник во возилото и дека не бил повреден во инцидентот.
Локалните медиуми, пак, неофицијално наведуваат дека во ковчегот немало тело.
Возач на оваа погребна служба, да потсетиме, е осуден на пет години затвор поради кражба на скапоцености од мртвите додека ги пренесувал телата во мртовечница.