Американскиот музичар Квинси Џонс беше погребан на приватна церемонија во Лос Анџелес.
Музичкиот великан беше погребан една недела по неговата смрт, а до вечниот одмор беше придружуван од близок круг на семејството и пријателите. Планирано е и поголемо јавно испраќање за музичката легенда.
„На интимната церемонија присуствуваа неговите седум деца, неговиот брат, двете сестри и членовите на потесното семејство”, изјави семејството на продуцентот, аранжерот, инструменталистот и композиторот за агенцијата АП, додека не сакаа да ги откријат точните гробишта во Лас Вегас каде што беше погребан Квинси.
За гореспоменатата американска агенција тие уште еднаш ја изразија својата „огромна благодарност до сите пријатели и фанови ширум светот кои им испратија сочувство и му оддадоа почит на Квинси Џонс“.
Напоменаа и дека деталите за големото јавно збогување со Џонс ќе бидат објавени подоцна.
Да потсетиме, Квинси Џонс почина опкружен со семејството, во својот дом во Бел Ер на 3 ноември. Имаше 91 година.