“ПОДГОТВЕН СУМ ДА ГО ПРИФАТАМ ОВОЈ ПРЕДИЗВИК!“ – Официјално: Германската фудбалска репрезентација го доби најмладиот селектор во историјата

Јулијан Нагелсман и официјално е именуван за нов германски селектор, девет месеци пред почетокот на ЕУРО 2024, чиј домаќин е Германија, соопшти во петокот Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).

Јулијан Нагелсман ќе го наследи Ханси Флик, кој беше отпуштен на 10. септември, ден по поразот (1-4) во натпреварот против Јапонија.

На 36-годишна возраст, тренерот на Баварците со тоа станува најмладиот тренер во историјата на Германија. Тој е без работа од март кога доби отказ од Баерн Минхен.

Тој потпиша договор до 31. јули 2024 година, а помошници ќе му бидат Сандро Вагнер и Бенџамин Глик.

Имаме Европско првенство во нашата земја. Ова е нешто посебно, нешто што се случува само на неколку децении“, изјави Јулијан Нагелсман, кој е 12. селектор на Германија и додаде: „Навистина сум подготвен да го прифатам овој предизвик“.

Јулијан Нагелсман беше нашиот посакуван кандидат од самиот почеток. Тој не само што е апсолутен фудбалски човек, туку докажа во сите негови клубови – на многу млада возраст како главен тренер – дека може да го мотивира тимот и целата средина“, додаде спортскиот директор на ДФБ, Руди Волер.

ГерманијаЈулијан Нагелсманфудбал