Летното сметање на времето ќе трае до последниот викенд во октомври (до 27 октомври 2024 година), кога започнува зимското сметање на времето.
Ноќта меѓу сабота и недела на 31-ви март 2024 година ќе започне летното сметање на времето, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред.
Врз основа на Законот за пресметување на времето, летното сметање на времето во 2024 година ќе започне во последната недела во месецот, 31-ви март во 02:00 часот, со поместување еден час нанапред, така што времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро.
На повеќето уреди (компјутери, мобилни телефони…) тоа ќе се изврши автоматски, но проверете за секој случај. Летното сметање на времето ќе трае до последниот викенд во октомври (до 27 октомври 2024 година), кога започнува зимското сметање на времето.
На 27 октомври повторно се враќаме на зимското сметање.
Зошто ги поместуваме стрелките на часовникот?
Новозеландскиот ентомолог Џорџ Вернон Хадсон е одговорен за поместувањето на стрелките на часовникот.
Имено, врз основа на неговото истражување за приспособување на животот во различни услови, тој дошол до заклучок дека на човекот повеќе му одговара живот преку ден отколку ноќе, и поради оваа причина, во 1895 година, предложил да се поместат стрелките на часовникот два часа нанапред за да се искористи повеќе дневна светлина во текот на летото, пишува „Fenix Magazine“.
Практиката на поместување на часовникот првпат ја воведоа Германците во 1916 година, а потоа и Велика Британија и САД. Во моментов, повеќето земји во Европа и речиси цела Северна Америка го менуваат часовникот двапати годишно.