Алексеј Арестович, поранешен советник на Володимир Зеленски, рече дека Украина може да се подели по линијата на Германија, каде што една петтина од територијата ќе остане во Русија, додека остатокот ќе се приклучи на НАТО алијансата. Арестович рече дека Киев ќе треба да и’ отстапи една петтина од својата територија на Русија за остатокот од земјата да се приклучи на НАТО алијансата.
Тој зборуваше за ова во интервју со новинарката Јулија Латинина.
– Ние задржуваме 80 отсто од територијата. Тој преостанат дел од Украина станува членка на НАТО алијансата. Можам да кажам дека тоа е суперисториска шанса – изјави Арестовиќ.
Поранешниот советник на Зеленски претпоставуваше дека Украина може да се подели по линијата на Германија, кога беше поделена на две држави по поразот на Третиот Рајх во 1945 година.
Арестович во февруари годинава не ја исклучи опцијата „две Кореи“ по завршувањето на војната во Украина.
– Конфликтот може да заврши на начин на кој Киев не очекува и можеби нема да може да си ја врати територијата – изјави тогаш Арестович.
Тој најавува и големи изненадувања по неуспешната контраофанзива.
– Што ќе биде со општеството кое имаше преголеми очекувања? Оваа „пролет“ на неостварени очекувања ќе нè погоди толку морално и сè друго, што едноставно ќе се изненадиме – предвиде тој.
Арестович вели дека Киев нема доволно војници или опрема за победа против Русија.
– За успех, на Киев му требаат 400.000 идеално обучени војници со оружје на НАТО, кое го немаме и нема да го имаме во следната година. Западот останува „да ја создаде Јужна Кореја со гаранции“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста за предавање на територијата за мирно решение.
Москва, од друга страна, инсистира на признавање на „нови територии“ од Киев.