39-годишна жена поднела барање за развод од 50-годишниот сопруг, бидејќи, како што тврди, не доживеала оргазам цели 17 години!
Според грчките медиуми, судењето е закажано за февруари 2024 година. Сопругата во барањето за развод изјавила дека конечно решила да ја признае вистината и да стави точка на бракот кој не ги исполнил нејзините очекувања.
Како што понатаму изјавила жената, „дошло до презаситеност поради неисполнување на брачните обврски“. Објаснила дека никогаш не доживеала оргазам во сите овие години, а причината е тоа што била под постојан стрес поради сопругот и дека не можела да се опушти.
Сопругот бил непријатно изненаден кога го прочитал барањето за развод.
– Нејзината аргументација е лажна и смешна. Се надевам дека ќе надвладее моралот и логиката. Нејзината желба да го повреди моето машко его не успеа, а таа самата знае како живеевме и уживавме сите овие години – изјавил сопругот за грчките медиуми.
Адвокатот на 50-годишниот сопруг, Фоивос Стругарис, за АНТ1 изјави дека предлозите во барањето за развод биле многу внимателно формулирани, нагласувајќи, сепак, дека главното прашање што се поставува е како тоа може да се докаже во судница – дека жената не доживеала оргазам последователно 17 последователни години.