Пратеничката група на „Левица“ денеска поднесе Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Тошковски од функцијата министер сериозно ја запостави и несоодветно ја извршуваше својата јавна функција, постапувајќи непрофесионално, неодговорно и непрофесионално, што резултираше со низа незаконски постапувања, скандали и кадровски пропусти во МВР“, рече пратеникот Сашко Јанчев.
На прес-конференцијата „Левица“ објасни дека интерпелацијата се заснова на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани.
„Не слушнавме дека во истрагата е вклучен и инспекторатот за економски криминал на Управата за внатрешни работи Кочани, кој со оглед на неправилностите во функционирањето на дискотеката не презел никакви истражни мерки што се негова законска обврска. Не слушнавме дека во истрагата бил вклучен и менаџерот на смена во кобната ноќ, кој не презел мерки за да се обезбеди контрола на јавниот ред и мир во објектот“.
Исто така, за време на мандатот на Тошковски беше обновена лиценцата на оваа дискотека. Тој е министер повеќе од една година, затоа што е министер во техничката влада и во сите овие пропусти министерот за внатрешни работи има директна командна одговорност“, додаде Јанчев.