Во белградската палата на правдата, во вторник започна вонредното обраќање на главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, по повод обвинението против Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето-убиец, Коста К., кој го изврши масакрот во основното учичиште „Владислав Рибникар“.
Според информациите објавени од соседните медиуми, обвинението е напишано на 267 страници.
„Спроведовме опсежна истрага што ја водеа двајца јавни обвинители“, рекол Ненад Стефановиќ и изјавил дека Владимир Кечмановиќ е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност.
Имено, како што пренесува Blic.rs, постои сомнеж дека тој го научил синот како да ракува со оружје и пука на цели во форма на човечки силуети.
Се сомничи дека таткото постапил спротивно на Законот за оружје и муниција.
„Наместо во метален сеф со клуч, огненото оружје го чувал во две пластични кутии кои се користат за пренос на оружје, а не за безбедно чување. Споменатите кутии биле спакувани во ранци“, рекол Ненад Стефановиќ.
„Пријавениот на тој начин му овозможил на детето да поседува два пиштоли, а претходно го научил синот да пука во стрелачки клуб. Детето го поседувало оружјето на 1. мај, а потоа на 3. мај го ставило во ранецот и го однело на училиште“, изјавил главниот јавен обвинител.
Ненад Стефановиќ потоа опишува како момчето-убиец влегло во училиштето и прво го убил чуварот, а потоа и дежурните ученици. Во училницата испукал 45 куршуми.
Пријава е поднесена и против мајката на момчето.
„Против неа се води постапка за недозволено носење и поседување оружје. Нејзината ДНК е пронајдена на една обвивка во кабинетот за историја“, соопштиле истражните органи.
Обвинет е и претседателот на Стрелачкиот клуб „Партизан“, Ратко И.
„Даде лажна изјава тврдејќи дека не го видел момчето како пука, туку еднаш го видел на камера и му наредил да излезе. А ваквото сведочење е спротивно на она што е собрано во истрагата“, рекол Ненад Стефановиќ.
Од истиот стрелачки клуб обвинет е и Немања М.
Две години и шест месеци затвор се предложени за мајката на момчето-убиец, а три години за претседателот на клубот, пренесува Blic.rs.
Владимир Кецмановиќ е во притвор од 3. мај, кога неговиот син уби девет ученици и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“. Таткото на момчето е обвинет дека ја загрозил јавната безбедност со тоа што го научил својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје и муниција во периодот пред масакрот. Исто така, постои сомнеж дека го чувал оружјето со кое се изврши масакрот спротивно на Законот за оружје и муниција.