Шешељ смета дека покренувањето ново обвинение во предизборниот период не е случајно!
Обвинението го покрена Меѓународниот резидуален механизам во Хаг, наследник на Хашкиот трибунал.
Заменик-претседателот на Српската радикална партија (СРС), Александар Шешељ, за Танјуг потврди дека хашкото обвинение е покренато против неговиот татко, лидерот на радикалите Воислав Шешељ, како и против четворица други партиски функционери – Миљан Дамјановиќ, Љиљана и Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњатовиќ . Обвинението го покрена Меѓународниот резидуален механизам во Хаг, наследник на Хашкиот трибунал.
– Точно е дека обвинителниот акт е покренат. Станува збор за ново обвинение за непочитување на судот. Тоа е измислен чин што Хашкиот трибунал си даде за право да го воведе како кривично дело и тоа значи дека што и да проценат за непочитување на судот, можат некого да обвинат – рече Александар Шешељ.
Тој додаде дека ова обвинение е покренато затоа што радикалите објавиле книги и други печатени материјали, како и видео и аудио материјали кои разоткриваат како сведоците на обвинителството во Хашкиот трибунал, како што рече, биле упатени и поткупени да сведочат против Воислав Шешељ во неговата основен предмет.
Александар Шешељ смета дека покренувањето ново обвинение во предизборниот период не е случајно, бидејќи како што вели, Хашкиот трибунал како политички инструмент заради интересите и калкулациите на САД ја следи политичката ситуација и тоа сосема е можно врз основа на тоа да одлучиле да го поднесат обвинителниот акт токму сега.
Според неговото мислење, ова е нов прогон на СРС од страна на Хашкиот трибунал, како инструмент на САД, кој трае повеќе од 20 години со крајна намера да се уништи оваа партија како главен противник за постигнување на целите на САД во Србија. Одговарајќи на прашањето што понатаму да се очекува во врска со поднесувањето на обвинението, Александар Шешељ рече дека смета дека не доаѓа предвид властите во Србија да екстрадираат некого во Хашкиот трибунал.
– На тој начин таа би се рангирала меѓу најлошите владетели во Србија по 5 октомври. Мислам дека во владејачката партија и коалицијата нема подготвеност тоа да се случи – рече тој.
Александар Шешељ изјави дека радикалите продолжуваат со својата политичка борба и дека обвинението нема да ги попречи во тоа.