За правилно функционирање на организмот, важно е да се внимава на здравјето на цревата, кое игра клучна улога во варењето и исфрлањето на токсините. Редовното чистење на цревата може да придонесе за целокупното здравје, да ја намали непријатноста и да го подобри варењето.
За среќа, постои едноставен природен рецепт кој можете да го примените дома за да го подобрите вашето здравје.
Овој напиток за детоксикација можете да го подготвите за неколку минути, а за ефективни резултати доволно е да го пиете секоја вечер. Состојките се лесно достапни и сосема природни, што го прави овој пијалок совршен за секојдневна употреба.
Состојки:
– 1 лимон
- Магдонос
- 1 лажица јаболков оцет
- 1 лажица цимет
– 1 лажица мед
-1 лажица свеж ѓумбир
Прво исцедете го сокот од лимонот. Потоа ситно исечкајте го магдоносот, а во чашата додајте ги останатите состојки: јаболков оцет, цимет, мед и ѓумбир. Сè убаво измешајте додека не се соединат сите состојки.
Овој пијалок пијте го секоја вечер, околу еден час пред спиење, по можност наместо вечера. Редовното консумирање на овој природен напиток во текот на неколку недели може да донесе значителни промени, како што се подобрување на варењето, чистење на телото и општо чувство на виталност. Овој едноставен рецепт ќе ви помогне да ги исчистите цревата и да го подобрите варењето.