Во последните седум години, односно од 2017 година до крајот на јули годинава, во 11 големи пожари во грчката областа Атика, поширокиот регион на Атина изгореле над 55.000 хектари, односно 23 отсто од вкупната површина на конкретната периферија, пренесува порталот Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Метео ги анализира податоците од службата за брзо мапирање Коперник и Европската опсерваторија за шумски пожари и пишува дека најголема површина во Атика изгорела во 2017 година (25.870 хектари), а годинава, до крајот на јули изгореле 15.610 хектари.
-Горенаведените алармантни бројки за Атика ја истакнуваат потребата од целосно редефинирање на стратегијата за управување со шумските пожари во нашата земја. Конкретно, управувањето со шумските пожари бара интегриран пристап што ќе вклучува врвни знаења од различни науки, вклучувајќи ја и метеорологијата за пожари, пишува Метео.