Пожарот во Јасен е сè уште активен

До утрово до 07:00 часот, во земјата се регистрирани вкупно 25 пожари, од кои два се активни, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците, изгаснати се 20 пожари.

Пожарите се активни во месноста „Јасен“, општина Македонски Брод, каде што гори мешана планина, и во Октишка Краста во Струга, каде што гори ниска вегетација.

Пожарите се под контрола во општина Сарај, село Радуша кон село Ворце, каде што е зафатена ниска вегетација, општина Харачина, каде што е исто така зафатена ниска вегетација, и во општина Демир Хисар, село Мало Илино, каде што пожарот зафати дабова шума.