Претходно овој месец, противпожарен хеликоптер се урна во Алберта, при што загина пилотот
Почина пожарникар кој гаснеше пожар во канадската провинција Британска Колумбија , со што бројот на загинати пожарникари годинава во Канада се искачи на четири. Починатиот пожарникар (25) од Онтарио загина при гаснење на пожар кај Дони Крик.
Станува збор за најголемиот пожар кој некогаш бил регистриран во историјата на Британска Колумбија кој започнал на 12 мај, а се предвидува дека ќе гори до зима, јавуваат локалните медиуми. Премиерот на провинцијата Дејвид Аби изјави дека е уништен од веста за загубата на уште еден пожарникар.
– Оваа трагична вест уште еднаш не потсетува на неверојатната жртва што ја прават пожарникарите за нашата безбедност – рече тој.
Еби изјави дека оваа сезона на шумски пожари е особено опасна и дека целата заедница е благодарна на загинатиот пожарникар и на сите негови колеги за херојството што го покажуваат секојдневно.
Поради својата географска положба, Канада се загрева побрзо од остатокот на планетата, па во последниве години е соочена со екстремни временски настани, чиј интензитет и зачестеност се зголемени со климатските промени.
На почетокот на овој месец, противпожарен хеликоптер се урна во Алберта, при што загина пилотот и загинаа уште двајца пожарникари во одделни инциденти.