Пожар во ски – центар во Турција, загинаа 66 луѓе! Пожарот избувна во текот на ноќта, хотелот беше полн поради училишниот распуст, луѓето скокаа низ прозорците (ФОТО, ВИДЕО)

Најмалку 66 лица загинаа во пожар што избувна во хотел во ски-центар во северозападна Турција.

Тоа го објави Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи на социјалната мрежа Х и додаде дека уште 51 лице се повредени.

– Пожарот, кој избувна во хотелот во одморалиштето Карталкаја во провинцијата Бол, е пријавен синоќа околу 3:27 часот по локално време – напиша Јерликаја.

CNN јавува дека ова одморалиште е популарна туристичка дестинација во текот на зимата, а особено за време на училишниот распуст, кој во Турција трае од јануари до првата недела на февруари.

Андулазиз Ајдин, гувернерот на провинцијата Болу, за турската новинска агенција Анадолу изјавил дека се проценува дека во хотелот имало 234 гости.

Тој изјави дека две лица починале скокајќи од прозорец „во паника“.

Јерликаја одобри испраќање на 267 припадници на итната помош на местото на пожарот.

На турските телевизии и социјалните мрежи беа објавени голем број видеа на кои се гледа пламен на горните катови на хотелот.

Може да се забележат и луѓе кои се обидуваат да се спуштат и да избегаат од огнот со помош на врзани чаршафи.