Најмалку три лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари лица во близина на Париз во саботата .
Осум други лица се повредени во пожар во резиденција лоцирана во градот Бафемонт.
„Ова е сериозен настан за нашиот град“, рече градоначалникот Мишел Лаку. „Изгледа дека се работи за несреќа “ .
Лаку рече дека пожарот е под контрола во резиденцијата, во која живеат 75 постари жители.
Во изјава за ТВ БФМ, тој рече дека се верува дека пожарот започнал во перална и се проширил на дел од третиот кат на зградата.
Командантот Адриен Понин-Синапајен, портпарол на француската агенција за цивилна одбрана, изјави дека пожарот бил изгаснат откако 140 пожарникари биле распоредени на местото на настанот вели Д.П