Пожарникарите во Прага синоќа морале да интервенираат во хотелот Панорама, кој се наоѓа во населбата Прага 4, каде избувнал пожар, а 800 луѓе биле евакуирани.
Како што соопштија од противпожарната и спасувачката служба, пожарот брзо бил изгаснат, а опожарена е вреќа за ѓубре. Инцидентот се случил околу 23:30 часот, а по гаснењето на пожарот пожарникарите извршиле проверка и на подземниот контејнер за смет. По проветрувањето на зачадените соби од хотелот, гостите се вратија во своите соби.
На местото на настанот излегле спасувачите со специјални возила на Итната служба на Феникс, кои ги користат пред се за евакуација и масовен транспорт на луѓе. За среќа во пожарот нема повредени.