Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но да се биде родител и да се одговори на родителството како предизвик во денешно време не е лесно. Тешко е едно дете да се израсне во една права, вистинска и добро-воспитана особа од која што се очекува да создаде функционално семејство. За таа цел родителите треба да ги користат правилните методи на воспитување но и да го искористат правилниот тип или вид на родителство, а позитивното родителство припаѓа во таа категорија.
Позитивното родителство е кога родителот постапува од интересите на детето, ненасилно се однесува кон него, ги признава и почитува неговите права, ја насочува неговата љубов кон своето дете но и поставува граници со цел да овозможи целосен раст и развој на своето дете. Овој тип на родителство се базира на: меѓусебно поддржување, здрав стил на живеење, пофалба и награда, активно слушање, објаснување, доверба, родителите да имаат трпение, да инспирира други семејства, помага при израснување на здрави деца- индивидуи кои ќе создадат здрави односно нови функционални семејства, создава убава топла семејна атмосфера, користење на говор со позитивна содржина за смирување на дете кое има тантрум како на пример:
- Смири се= Како можам да ти помогнам
- Престани да плачеш= Можам да видам дека ова е тешко за тебе
- Ти си добро= Дали си добро
- Биди тивок= Дали можеш да бидеш потивок
- Не удирај= Те молам биди нежен
- Престани да викаш= Земи длабок воздух и потоа кажи ми што се случи
- Не се нервирај= Ок е да се чувствуваш тажно
- Ова е доста= Дали ти е потребна прегратка
- Преку глава ми е од се= Тука сум за тебе
Од тука позитивното родителство ни кажува дека создава капацитети кои им помагаат на родителите да се справат во различни моменти и ситуации. Позитивното родителство е кога родителите разговараат со детето со смирен тон, говор со позитивни реченици, кога родителите ги задоволуваат потребите на децата, кога родителите ќе ги прашаат своите деца како го поминале својот ден во училиште, кога ќе ги ислушаат, да ги разберат, кога ќе им простат на децата за некое лошо дело што го сториле на пр ја имаме следнава ситуација: Детето скршило вазна и мајката му вели: Добро, се е во ред, мама ќе купи нова вазна, важно ми е ти да си добро. Со овој пример мајката му дава дознание на детето дека се грижи за неговото здравје отколку тоа што тоа ја скршило вазната, а не: Тргни се од таму, види што направи ми ја скрши омилената вазна. Тука веќе имаме обратна ситуација, тука веќе мајката му дава дознание на детето дека таа повеќе се грижи за вазната отколку за нејзиното дете, дали тоа ќе се исече од срчите од стаклото. Па така од тука можеме да разбереме дека позитивното родителство во принцип се вежба. Сите оние кои што станале родители не почнале од самиот старт со практикување на позитивно родителство туку врз база на грешките што ги правеле во процесот на воспитување на своите деца се надоградуваат со нови вештини, методи и техники на родителство кои ги прават да бидат уште подобри родители. Доколку родителите не можат самостојно да го променат непосакуваниот однос на своето дете тогаш треба да побараат помош од професионалец (психолог или системски семеен психотерапевт). Системската семејна психотерапија ќе го збогати родителството и ќе им помогне на родителите да го променат непосакуваниот однос што го има нивното дете секако во соработка со психотерапевтот.
Позитивното родителство исто така помага и при создавање на да и не реченици од типот на:
- Не ги фрлај играчките, казнет/а си оди и седни во тајмаут зоната (не),
Фрлањето не е безбедно. Ќе ја тргнам играчката за да бидеш безбеден/а. Можеме да пробаме до после пак (да)
- Ова е доста
Одете во соба и двајцата се карате за една играчка (не)
Гледам дека ви е тешко е да играте заедно двајцата сега мама или тато ќе игра со вас ама со секој посебно 20 минути а потоа ќе пробате пак да си играте заедно. (да)
- Не можам да ти помогнам. И помагам на сестра ти во моментов (не)
Гледам дека ти треба помош. Можеш да пробаш сам додека и помагам на сестра ти или ќе ме причекаш да завршам и ќе ти помогнам за две минути (да)
Ова се само неколку примери за да или не ситуации кои само со преформулирање на зборовите имаат сосема нова конотација, а детето може да го прифати предлогот на мајката или таткото без никаков проблем. Овие да или не реченици исто така можат да се вежбаат и со текот на времето и родителите да научат но и да можат да создадат реченица како горенаведените примери со да.
Како во секое семејство каде што има развиено: семејни вредности, семејни правила и норми, семејни традици, начини на воспитување, постојат и различни типови на родителство: Авторитативен, Авторитарен, Пермисивен и Одбегнувачки, така и позитивното родителство ќе го вметнам во оваа група кое што е присутно најмногу во “функционалните семејства”. Терминот функционални семејства не случајно го ставив под наводници бидејќи сметаме дека семејствата не се соочуваат со проблеми и како резултат на тоа гледаме низ розева призма на нештата. Сепак семејствата колку и да одбиваат дека се соочуваат со проблеми и колку и да одбиваат дека се соочуваат со одреден проблем сепак говорот на тело, однесувањето на членовите во самото семејство и со соседите, расправиите , употребата на дрога и пиењето на алкохолот. Сето ова горенаведено се препишува на дисфункционалните семејства во кои што позитивното родителство за жал не може да се развие.
Позитивното родителство во функционалните семејства создава правила и вредности базирани на позитивни правила:
- Да употребуваат добри и учтиви зборови
- Секогаш да се кажува вистината
- Сите меѓусебно да се слушаат и да не го прекинуваат оној кој што говори
- Да ја одржува куќата или станот чист/а
- Членовите на семејството да се смеат и забавуваат заедно
- Да го стават семејство на прво место
- Да бидат благодарни за сите добри работи кои им се случиле во нивните животи
- Да се сакаат безусловно
- Да не се навредуваат и да не се употребуваат пцости
- И нешто што е најважно ако сите овие горенаведни правила се почитуваат и употребуваат во пракса во самиот дом на семејствата ќе може да се создаде топла семејна атмосфера
Општо земено семејната атмосфера може да се каже дека е семејно расположение. Ова семејна атмосфера или таканаречено семејно расположение може да се почувствува уште кога ќе влезете во домот на некое семејство. Семејната атмосфера се создава од членовите во него на пример само од брачните партнери или од родителите и децата. Брачните партнери или родителите во зависност од релациите и односите кои ги создаваат помеѓу себе си можат да создадат топла или ладна семејна атмосфера. Логички е да сфатиме дека во функционалните семејства заедно со правилата и вредностите создадени од позитивното родителство е да имаме топла, мирна семејна атмосфера за убаво семејно живеење. Родителите или брачните партнери се тие кои што ги создаваат релациите но и од нив зависи за тоа каква атмосфера ќе создадат во домот во текот на денот или неделата на пр: ако тие се топли пријателски настроени еден спрема друг тогаш ќе се создаде топла семејна атмосфера во која што децата ќе се почувствуваат посакувано, ќе се почувствуваат дека се дел од едно поинакво семејство во кое што владее мир, љубов, хармонија, почитување, зборови со позитивна содржина, добра интеракција помеѓу членовите, добра комуникација итн.
Она што можам да го кажам е дека јас на ваков начин го гледам позитивното родителство во функционалните семејства, но за жал искуството што го имаат психолозите со семејствата укажуваат на други работи. Односно дека и функционалните семејства имаат проблеми со кои што се соочуваат поради забрзаната динамика на животот, лошиот однос на детето спрема родителите, малите приходи кои се влеваат во семејството, проблем настанат помеѓу родителот и одреден член од семејството или расправија. За жал денес живееме живот со полна пареа живот со забрзана динамика која што допринесува да семејствата да доживеат уште поголем притисок и да почнат да размислуваат за тоа што е она следно што ги очекува.
Позитивното родителство со неговите вештини му помага на семејството да се соочи со сите проблеми кои што ги создава брзиот начин на живот. А сега ќе цитирам една мисла за позитивното родителство која што ми остави впечаток вели вака: “Ако сакате вашите деца да изберат љубезност во нивните моменти на нервоза, покажете им љубезност во вашите моменти на нервоза.” Ова значи дека како родителите ќе се постават кон своите деца така и тие возвраќаат на ист начин кон своите родители. Затоа драги родители внимавајте што правите пред вашите деца, внимавајте како се однесувате, внимавајте на зборовите кои произлегуваат од вашите усти, пред да кажете нешто избројте до десет бидејќи вие сте примерот за децата, вие сте тие кои што вашето дете ќе го воспитате во едно културно, добро и паметно момче или девојче.