Денеска се дозна дека актерката Џоди Тарнер Смит поднела барање за развод од актерот Џошуа Џексон по три години брак.
Џоди Тарнер Смит како причина за разводот ги наведе непомирливите разлики меѓу неа и Џошуа Џексон. Во документите што до судот ги доставила нејзината адвокатка Лаура Васер, која го застапувала и Кевин Костнер за време на неговиот развод, се наведува дека актерката бара заедничко старателство над тригодишната ќерка Џуно која ја имала со нејзиниотсопруг. . Не постои предбрачен договор кој евентуално би го забрзал судскиот процес, пишува TMZ.
Разводот е некако изненадувачки, исто како и нивната венчавка. Џоди Тарнер Смит и Џошуа Џексон пред три години отишле во судот во Беверли Хилс за да добијат дозвола за брак без многу луѓе воопшто да знаат дека се во врска.
Во септември 2022 година се зборуваше дека раскинале затоа што не се следеле еден со друг на Инстаграм, но потоа се појавиле на Оскарите во март оваа година.
Актерката најмила адвокатка кој е многу барана меѓу ѕвездите кои се разведуваат поради нејзиниот успех на суд, застапувајќи го Костнер, а сега го застапува Џо Џонас во неговиот развод со Софи Тарнер.