Шпанската актерка и водителка Ана Обрегон стана мајка на 68-годишна возраст. На 16 март, актерката отпатува во Мајами за да ја види својата ќерка, која ја доби со помош на сурогат мајка. Одлуката да ја исполни улогата на мајка ја чуваше во тајност.
Добрата вест за новороденчето доаѓа по тежок период за актерката откако пред 3 години го загуби синот. Во моментот на смртта имал 27 години, а починал како последица на борба со ракот.
Ќерката и го дала името Ана и конечно е подготвена да ги остави сите трагедии зад себе.