Неидентификуван маж ја поканил во неговата хотелска соба. Исчезнал некое време, а кога се вратил бил целосно гол.
Холивудската актерка Брук Шилдс во новиот документарен филм “Pretty Baby” откри дека била сексуално нападната веднаш по дипломирањето во 1987 година.
По дипломирањето на Принстон, таа се обиде да се врати во Холивуд, па еднаш отиде на вечера со маж за да разговара за потенцијалните проекти.
Неидентификуваниот маж потоа ја поканил во неговата хотелска соба, тврди 57-годишната актерка.
Кога стигнале до собата, тој исчезнал на извесно време, а кога се вратил бил целосно гол. Брук вели дека не пружила отпор бидејќи се плашела дека ќе се задуши.
– Не пружав отпор. Целосно “замрзнав”. Мислев дека едно “не” ќе биде доволно, само си помислив: “Остани жива и бегај” – рекла ѕвездата од филмот „Сина лагуна“.
-Знаев да се “одвојам” од своето тело затоа што тоа го вежбав – додала актерката која потоа со лифтот се спуштила на приземје, се качила во такси и плачела се до станот на својата пријателка.
Таа смета дека долго време не го обработила тоа што била силувана и се обвинувала себеси за тоа што и се случило.
– Ми рече: “Не им верувам на другите, но ти верувам тебе”. Тоа беше толку јадно. Пиев вино за време на вечерата, стигнав до хотелската соба, бев полна со самодоверба – се сеќава Шилдс.
Многу години подоцна, таа на својот напаѓач му напиша писмо во кое се соочи со него за тоа што го направил, но тој го игнорираше тоа.
– Тогаш реков: “Одбивам да бидам жртва затоа што ова е нешто што се случува без оглед на тоа кој си” – заклучила таа.
– Сакав да го избришам сето тоа од мојот ум и тело и само да продолжам по патот по кој бев. Системот никогаш не ми помогна, па едноставно морав сама да станам посилна – додава таа.
Шилдс, која има две ќерки со нејзиниот сопруг, продуцентот Крис Хенчи, нашироко зборуваше за тоа како била сексуализирана во Холивуд откако се појавила гола во филмот “Pretty Baby” од 1978 година, по кој го добил името и нејзиниот нов документарен филм. Она што е невообичаено е тоа што таа тогаш имала само 11 години.
Во интервјуто со Дру Баримор минатата година, Брук призна дека се чувствувала “искористена на многу начини” за време на нејзината долга холивудска кариера.