Пред само три и пол недели ја гледавме славната убавица како се радува на нејзиниот 50-ти роденден, но тоа не ги спречува медиумите да шпекулираат дека таа е во друга состојба.
Германската манекенка Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц, кој можеби го паметите како едно од ексцентричните близнаци од групата Токио Хотел, овие денови уживаат во романтичен одмор.
Парот моментално престојува во Венеција, каде што прошетале, од гондола го разгледувале градот и како и обично разменувале нежности на секој чекор.
Фотографите снимија неколку нивни излегувања, а особено им привлекоа око на Хајди и Том како постојано го допираат нејзиниот стомак.
Ова ги подгреа шпекулациите на социјалните мрежи дали убавата Германка е во блажена состојба, иако можно е парот само да сака да се пошегува со фоторепортажите и јавноста, која оди по нивните стапки. Инаку, друштво им правеше ќерката на Хајди, Лу, најмалото од нејзините деца.
Хајди Клум и Том Каулиц тајно се венчаа во февруари 2009 година, а манекенката е мајка на четири деца: Лени, која ја имаше со Флавио Бријаторе, но беше посвоена од нејзиниот втор сопруг Сил, Хенри, Јохана и Лу.