Младата колумбиска пејачка Камила Стерлинг (23 г.) била пронајдена мртва во кадата на хотелска соба во Мајами, Флорида.
Младата девојка имала желба да стане позната пејачка, а популарноста ја стекнала со објавување на провокативни фотографии на социјалните мрежи. Нејзиниот менаџер Дејвид Болни за младата пејачка изнајмил хотелска соба, чија цена е 2.600 евра од ноќ.
Тој бил во собата со неа, а како што пишува Daily Mail, Дејвид е оженет и има две деца. Пејачката била пронајдена мртва во таа соба, а менаџерот ја напуштил собата околу 04:00 часот на денот на несреќата, пред да пристигне полицијата.
Полицијата сега ги истражува причините за смртта, а во просторијата се пронајдени и сомнителни супстанци и се чекаат резултатите.