Познатата француска тенисерка Каролин Гарсија имаше исклучително интересна изјава на социјалните мрежи поврзана со Новак Ѓоковиќ.
Имено, на Французинката „жестоко“ и’ пречеше сликата која се создаде за Ѓоковиќ по неговиот пораз од Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен.
– Малку прелистав и во основа Ѓоковиќ беше GOAT пред две недели, сè уште толку млад, толку добро се движи, игра толку добро, вистинска инспирација. И сега е премногу стар, сега сме во сосема нова ера, тој не е подготвен е за тенис… Ова е смешно – напиша Гарсија.
Да потсетиме, по поразот на Новак веднаш започна приказната за неговото наближување во пензија и како сега сцената ја зазедоа помладите тенисери.
Како и да е, Гарсија им објасни реално како навистина стојат работите.